Политика за приватност

Политика за приватност


За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса за доставување, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката. Во име на компанијата ПУНКТ МЕБЕЛ ДОО (понатаму “контролор”) се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од маилинг листата. Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности.
Сите вработени во ПУНКТ МЕБЕЛ ДОО кои имаат пристап до личните податоци се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.
Се обврзуваме дека собраните податоци нема да ги користиме за други цели ниту ќе ги проследуваме до трети лица. ПУНКТ МЕБЕЛ ДОО не ги пренесува и проследува собраните лични податоци на меѓународни организации или трети земји.
Податоците ги чуваме и обработуваме врз принципот на законитост, правичност и транспарентност за конкретни, јасни и легитимни цели. Дополнително, собираме единствено минимален обем на податоци кои се потребни за целта на обработката.
Личните податоци ги обработуваме на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички и организациски мерки.
Корисникот има право во секој момент да поднесе приговор до Контролорот на личните податоци и да побара корекција на неточни податоци, ограничување на обработката на лични податоци, како и бришење на лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци. Корисникот може и во секој момент да изјави дека ја повлекува согласноста неговите лични податоци да бидат обработувани од страна на ПУНКТ МЕБЕЛ ДОО.
Покрај погоренаведените податоци, собираме, анализираме и обработуваме податоци во врска со производи кои нашите посетители ги пребаруваат и ги купуваат, како и страниците кои ги посетуваат. Добиените податоци ги користиме со цел да ја подобриме понудата и изгледот на нашата веб страна и да им овозможиме на посетителите едноставно користење и сигурно и лесно купување.
Bebehome.mk користи тнр. „cookies“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби. Cookie е текстуален фајл кој се доделува на хард дискот на компјутерот на корисникот од страна на мрежниот сервер. Cookies не можат да бидат искористени да стартуваат програм или да пренесат вирус до компјутерот на корисникот. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер во доменот кој Ви ги пратил. Една од основните намени на тнр. сookies е да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време.
По избор на купувачот (корисникот), врз основ на доброволна согласност, може преку ПУНКТ МЕБЕЛ ДОО Скопје да достави податоци преку пополнување на формулар на нашата веб страна со цел добивање услуги и производи поврзани со нашата работа. Сите информации прибавени преку формуларот се строго доверливи. 

Доколку сте регистрирани на нашата интернет страна или сте пополниле онлајн формулар за добивање производи и услуги од ПУНКТ МЕБЕЛ ДОО, врз основа на писмено барање имате право:
– Да бидете информирани кои категории лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на обработката на Вашите лични податоци,
– Да пристапите до Вашите лични податоци,
– Да ги дополните, измените, избришете или да изберете запирање на нивната понатамошна обработка,
– Да ги дознаете корисниците или категориите на корисници на кои се откриени или ќе бидат откриени Вашите лични податоци,
– Да дознаете други информации за Вашите лични податоци согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци и другите важечки прописи од областа на заштита на личните податоци.
Корисникот има право во секој момент да поднесе барање до Агенцијата за заштита на лични податоци доколку смета дека обработката на неговите лични податоци ги прекршува одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани или доколку имате какви било прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да нè контактирате на следната електронска адреса:

[email protected]

Напоменуваме дека електронската адреса од која што ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и содржината на Вашите барања или предлози, нема да бидат искористени за ниту една друга цел освен за да Ви одговориме на Вашето барање, прашање или предлог упатен до нас.
СОГЛАСНОСТ И ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ
Користењето на нашите сервиси подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. Bebehome.mk се обврзува дека ќе се придржува до се претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа страница и праќање на известување по емаил до сите регистрирани корисници.
Доколку имате било какви прашања, предлози или барања поврзани со собирањето и обработката на Вашите лични податоци, во секој момент може да го контактирате и Офицерот за заштита на лични податоци.

ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Кире Крстевски
Телефонски број: +389 70 365 545
e-mail: [email protected]
КОНТРОЛОР НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
ПУНКТ МЕБЕЛ ДОО Скопје
ул. КОСТА НОВАКОВИЌ 14, СКОПЈЕ, 1000 Скопје С.Македонија.
Активностите на обработка поврзани со online услугите достапни преку нашата интернет страна, се извршуваат од страна на нашиот технички персонал одговорен за овие услуги или останати лица задолжени за извршување на активностите. Активностите за обработка поврзани со нашите услуги се извршуваат од страна на нашите вработени, согласно нивните работни задолженија, по принципот “треба да се знае“.
Собраните лични податоци се обработени во согласност со одредбите од позитивните прописи од областа на заштита на личните податоци.

Newsletter

Претплати се на нашиот Newsletter!

Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.